Голем стомак, непожелно сало…кошмар на многу девојки, а богами и момци. Но затоа постојат неколку безалкохони пијалоци кои помагаат при топењето на масните наслаги.
Ароматизирана вода
Кога се обидувате да се оттарасите од непотребните килограми, многу е важно вашиот организам да биде хидратизиран. Конзумирањето на поголеми количини вода му помагаат на вашето тело да го одржи одговарачкиот биланс на течност, да го запре задржувањето на вода во организмот (еден од најголемите предизвикувачи на појава на „надуен“ стомак) може да ви помогне да имате чуство на ситост (со самото тоа, помалку ќе јадете). Ако не ви се допаѓа идејата често да пиете обична вода, во неа стевете зачински билки (нане или босилек), цитрус (лимон, портокал, грејпфрут, лимет) и други нискокалорични, природни, зголемувачи на вкус (може да користите краставички).
Ладен чај од нане
Одлично освежување во текот на топлите денови, но истовремено и супер-ефикасен пијалок кој ви помага да имате рамен стомак. Нането му помага на вашиот желудник да ги топи мастите, а покрај тоа, помага и при дуење.
Зелен чај
Покрај намалениот ризик од рак и срцеви болоести, зелениот чај има ефекти за целиот организам, содржи антиоксиданси за кои истражувањата покажуваат дека помага во намалување на масните наслаги од стомакот. Ако пиете зелен чај пред вежбање, тоа може да го зголеми согорувањето на мастите во текот на аеробните вежби (велосипед, патека за трчање).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



