Станува збор за една статична вежба каде рацете и прстите на нозете ја носат целата телесна тежина, а телото е рамно.
При изведувањето на оваа вежба, телото не смее да се помести ниту за милиметар, бидејќи стомачните мускули се основа за правото држење на ‘рбетниот столб.
Вежбата треба да ја правите неколку пати неделно (најмалку три пати). Се смета дека неколку минути практикување на оваа вежба е еднакво на 1.000 направени стомачни.
„Правете по 3 повторувања од 60 секунди“ – препорачуваат експертите.
Како да ја изведете вежбата?
1. Поставете ги рацете со лактите на подот, а нозете треба да ви бидат целосно исправени. Главата треба да ви биде 30 см над површината на подот, а носот насочен кон подот.
2. Нозете треба да ви бидат целосно испружени, а тежината на телото целосно да биде пренесена на рацете и прстите на нозете.
3. Стегнете ги стомачните мускули и така обидете се да стоите неподвижни до 60 секунди.
4. Одморете се така што, рацете и нозете ќе ви бидат целосно испружени на подот.
5. Вежбата повторете ја трипати. Кога изведувањето ќе ви стане лесно, времето на стоење можете да го продолжите на повеќе од 60 секунди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.