| четврток, 6 декември 2018 |

Обезбедени се дополнителни 42 милиона евра за делницата Градско-Прилеп

ставре

– Обезбедивме дополнителни 42 милиона евра од Европската банка за обнова и развој. Парите се веќе одобрени за изградба на делницата Градско-Прилеп – изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при денешната посета на Прилеп.

Според Ставрески, изградбата на делницата Градско-Прилеп која го опфаќа најпроблематичниот дел кај Фариш и Дреновската клисура ќе почне наредната година.

– Во следните 5-6 месеци ќе трае процесот на експропријација и веднаш потоа се распишува тендер за градба. Очекувам при крајот на летото и почетокот на есента 2015 година  да почне градбата на делницата. Ќе има по две ленти во двата правци со вкупна ширина од 12 метри. Еден дел ќе биде проширување, а оној најлошиот дел ќе биде целосно нова патна делница – рече Ставрески.

Граѓаните и бизнисмените, истакна, добиваат многу и побрзо се поврзуваат со Скопје.

– Прилеп ќе биде подобро поврзан со автопатот, со Коридорот 10, а граѓаните и бизнисмените за пократко време ќе може да дојдат до Скопје – изјави вицепремиерот Ставрески.

Тој очекува делницата која ќе почне да се гради наредната година да биде готова за 24 месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top