– Обезбедивме дополнителни 42 милиона евра од Европската банка за обнова и развој. Парите се веќе одобрени за изградба на делницата Градско-Прилеп – изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при денешната посета на Прилеп.
Според Ставрески, изградбата на делницата Градско-Прилеп која го опфаќа најпроблематичниот дел кај Фариш и Дреновската клисура ќе почне наредната година.
– Во следните 5-6 месеци ќе трае процесот на експропријација и веднаш потоа се распишува тендер за градба. Очекувам при крајот на летото и почетокот на есента 2015 година да почне градбата на делницата. Ќе има по две ленти во двата правци со вкупна ширина од 12 метри. Еден дел ќе биде проширување, а оној најлошиот дел ќе биде целосно нова патна делница – рече Ставрески.
Граѓаните и бизнисмените, истакна, добиваат многу и побрзо се поврзуваат со Скопје.
– Прилеп ќе биде подобро поврзан со автопатот, со Коридорот 10, а граѓаните и бизнисмените за пократко време ќе може да дојдат до Скопје – изјави вицепремиерот Ставрески.
Тој очекува делницата која ќе почне да се гради наредната година да биде готова за 24 месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да си знaете, ако патувате: Пуштени вo сообраќај две делници од Коридорот 10 од Србија кон Македонија
-
Договор за набавка на четири нови електрични локомотиви
-
Изградба на втората делница на експресниот пат Прилеп – Градско
-
Усвоен законот за гаранција за заемот од ЕБОР за експресниот пат Штип – Радовиш