| четврток, 6 декември 2018 |

„Зелен петок“ во продавниците за марихуана во Колорадо

zx450y250_2212236

Продавниците кои продаваат легална марихуана во Колорадо денес најавија „Зелен петок“, по примерот на распродажба во цела Америка.

„Grass Station“, продавница во Денвер кој продава марихуана, чоколади и друго, сака да го постигне трговски успех на големите синџири, и го преименува „Црниот петок“ во „Зелен петок“.

– Имаме многу големи очекувања, коментирал сопственикот Рајан Фокс. Сега луѓето веќе имаат законско право да подаруваат марихуана, што во минатото не сме ни помислиле дека тоа ќе биде можно, додава тој.

Продавницата ја отворил точно во 8 наутро на 28 ноември, а клиентите веќе чекаа да пробаат од празничните специјалитети. Шеснаесет клиенти ќе добијат по унца трева за 50 долари, а вообичаено цената е пет пати повисока. Готови цигари се продаваат за долар.

Sviv_cigara

Триста легални продавницата во Колорадо, сепак се соочуваат со значителни проблеми при давањето на попусти. Нивната стопанска активност е подложена на над 500 страници регулативи и бројни ограничувања. Можно е дури федералната влада да одлучи дека намалувањата се нелегални.

Рекламирањето, билбордите и ставање на клипови во медиумите, кои ја рекламираат марихуана се забранети. Токму поради оваа причина многумина од продавачите се плашат да организираат намаленија.

– Не размислуваме толку за празниците, колку за усогласеноста со прописите, вели Мајк Елиот, извршен директор на „Marijuana Industry Group“.

Колорадо ја дозволи употребата на марихуана за медицински цели во 2000 година, а од почетокот на 2014 година е дозволена слободната продажба на коноп и деривати. Денес пазарот на легална трева во САД е со вредност од 2,3 милијарди долари, но според анализите, до 2018 година ќе достигне 10 милијарди.

Само во Колорадо во текот на годината се продаваат марихуана и деривати за 207 милиони долари, а  американската администрација  собрала 52,5 милиони долари од даноци и регистарски такси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top