Претседателот на Република Српска Милорад Додик најави дека името на мандатарот за состав на новата влада ќе го соопшти во недела, а локалните медиуми досега неофицијално пишуваа дека тоа ќе биде досегашната премиерка Жељка Цвијановиќ.
Додик и денеска ги продолжува консултациите околу составот на новата влада, која, како што се очекува, ќе биде формирана до 20 декември, а денеска ќе разговара со претставници на невладиниот сектор.
Мнозинство во Собранието од 44 пратеници има СНСД на Додик, со коалициските партнери, ДНС и СП, а и претставници на Коалицијата Татковина, која ја предводи Рамиз Салкиќ, изразија желба дека сакаат да учествуваат во работата на новата влада на Репубоика Српска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


