| четврток, 6 декември 2018 |

Тина Тарнер – најстарата убавица на „Вог“

tina tarnerЕдноставно најдобра – стои на насловната страница на априлското издание на модниот магазин „Вог“. Тина со свои 73 години првпат позира за овој магазин. Нејзината завидна линија на многумина им е фасцинантна. Изгради музичка кариера, побегна од сопругот кој ја злоупотребуваше и успеа. Покрај сето тоа, Тина сега може да се пофали и со насловна страница на „Вог“.

Рок-бабата сними едиторијал за германското издание на престижниот магазин. За снимањето се облече едноставно и префинето, на себе имаше темносина блуза и црн шорц, докажувајќи дека има стил и дека изгледа многу добро и кога не носи златно мини-здолниште, кое го нагласува нејзиниот главен адут – нозете.

Тарнер сега е официјално најстарата жена на насловна страница на „Вог“. Титулата досега ја носеше Мерил Стрип (63), која за американското издание позираше со нејзини 62 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top