| четврток, 6 декември 2018 |

Во септември платите пораснале за еден отсто

пари 2

Просечната нето-плата во Македонија во септември годинава изнесуваше 21.278 денари и таа е поголема за еден отсто во однос на истиот месец 2013 година, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Зголемувањето на висината на платата е резултат на повисоките плати во секторите уметност, забава и рекреација – за 7,8 отсто, градежништвото за 7 проценти и во рударството и вадење камен за 6,6 проценти. 

Повисоки плати во однос на претходниот месец, август, е забележано во секторите земјоделство, шумарство и рибарство за 3,5 проценти, преработувачка индустрија за 2,4 проценти и во градежништвото за 1,8 отсто. 

Во септември 2014 година, 0,9 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top