Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ почна со проекции на документарни филмови на различни локации во текот на целата година. Во рамките на „Зимска програма“ предвидено е да бидат прикажани 15- тина документарни филмови од ризницата на „Македокс“, кои оставија најсилен впечаток кај фестивалската публика.
Со таа цел на 30 ноември во „Ку-ла“ ќе се одржи „Македокс кино матине“ со проекција на документарниот филм „Депонија“, со почеток во 18 часот.
Сакате да видите каде се наоѓа најголемото царство на отпадот и кои се неговите благородници? Како од отпадот можат да настанат преубави уметнички дела? И како тоа го прави една група на самопрогласени собирачи на рециклирани материјали заедно со реномираниот фотограф Вик Муниз на најголемата светска депонија во Рио де Жанерио?
Сниман во текот на речиси три години, филмот „Депонија“ го следи реномираниот фотограф Вик Муниз и неговата работа на најголемата светска депонија „Жардим Грамачо“, лоцирана на периферијата на Рио де Жанерио. Таму тој фотографира една еклектична банда на катадорес – самопрогласени собирачи на рециклирачки материјали. Иницијалната идеја на Муниз е да ги „наслика“ катадорес со ѓубре.
Филмот сведочи за трансформирачката моќ на уметноста и алхемијата на човековиот дух.
Филмот „Депонија“ (Waste land/ Lixo Extraordinario) е англиско-бразилска копродукција (2010) во режија на Луси Вокер. Станува збор за документарец кој зборува за рециклирањето, но е и нешто повеќе од обичен еколошки филм, а сето тоа е монтирано на музика на Моби.
Филмот има повеќе награди: Награда од публика за најдобар документарен филм, ФФ „Санденс“ (2010), Награда од публика за најдобар филм, Берлински филмски фестивал, Награда за човекови права на „Амнести интернешнал“ (2010)
– Профитирајте и вие од вашето ѓубре околу топлиот оган во дворот на „Ку-ла“ каде што по проекцијата ќе организираме еден вид на „размена на отпад”. Доволно е да земете еден предмет од вашата „домашна депонија“, на пример, облека, книги или стари предмети, и ние ќе се погрижиме во негова замена да добиете нов предмет со кој ќе го збогатите вашето заминување – велат од „Македокс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Македокс“: Главна награда „Кромид“ за најдобар филм ја доби „Далечниот лаеж на кучињата“на режисерот Сајмон Леренг Вилмонт
-
Панел-дискусија со Вито Флакер, Дамијан Ненадиќ и Ана Замецка на „МакеДокс“
-
Студентската програма на „МакеДокс 9“
-
Избрани четири нови идеи за снимање документарен филм во рамки на проектот „Докуникулци“