Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс, покрај серијата лоши резултати, не беше разочаран од синоќешното реми со Лудогорец од рамките на Лигата на шампиони.
– Покажавме карактер, а можевме да постигнеме и трет погодок. Добро е што Реал победи во Бразил и сега сè зависи од нас. Не ме изненадија Бугарите, само покажаа дека се добра екипа. Имаат брзи и добри фудбалери. Toa што е најважно е дека нашата судбина е во наши раце. Играме против Базел на домашен терен и очекувам победа. Од почетокот знаевме дека сме во тешка група. На крајот ова е добар резултат за нас – изјави Роџерс.
Ливерпул и да победеше синоќа во Софија, ќе мораше да оди на победа против Базел во последното коло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.