Шеесет и едногодишен прилепчанец ноќеска е повреден откако две маскирани лица се обиделе да ја ограбат продавницата во којашто работел.
Настанот се случил околу 3 часот и 30 минути по полноќ во продавницата „Забрането пушење“ на улицата „Сотка Ѓорѓиоски“ кога двајцата разбојници влегле барајќи му пари на вработениот Л.В..
Вработениот се спротивставил по што еден од разбојниците со нож го повредил во пределот на главата.
Повредениот е пренесен и задржан во Градската општа болница во Прилеп. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.