| четврток, 6 декември 2018 |

Околу три проценти од Швајцарците тајно јадат мачки и кучиња

мачки

Активисти тврдат дека стотина илјади Швајцарци јадат месо од кучиња и од мачки. Во петицијата, која е предадена во Парламентот, а потпишана од 16 илјади луѓе, се бара да се забрани со закон јадењето домашни миленичиња, објави „Би-Би-Си“.

Околу три отсто од Швајцарците тајно јадат мачки и кучиња, изјави основачката и претседателка на швајцарското друштво за заштита на животните, Томи Томек.

Според важечкиот закон, во Швајцарија не смее да се продава месо од мачки и од кучиња, но на луѓето не им е забрането да ги јадат нивните домашни миленичиња.

– Политичките лидери ни рекоа дека Парламентот нема да направи ништо ако луѓето не се спротивстават – рече Томек и додаде дека тие само бараат со закон да се заштитат домашните миленичиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top