Пожарникарите од Мелбурн во Австралија спасиле жена од дупка во земјата длабока три метри, во која паднала додека ги закачувала алиштата да се сушат.
Жената се нашла во вода откако земјата во дворот се урнала под неа . Таа успеала да го привлече вниманието на соседите, кои повикале поржарникари.
Медицинската сестра, Стефани Паламбери, рече за „Еј-Би-Си“ дека само главата на жената ѝ била над водата.
– Ни рече дека ги ставала алиштата за сушење во 11.30 часот, кога ѝ се загубила почвата под нозе. Паднала во кал и во вода во дупка од три метри – рече Паламбери.
Пожарникарите ја извлекле жената од дупката широка 60 сантиметри, а таа, за среќа, била без повреди.
Инженерите ја истражуваат причината за пропаѓањето на почвата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Патот до пеколот“: Најдлабоката дупка во Светот крие тајна стара две милијарди години (Видео)
-
Се отвори џиновска дупка, канализација проголта два автомобила (ФОТО+ВИДЕО)
-
Земјата се отворила и ги проголтала автомобилите: Од џиновска дупка извлекувале луѓе, една жена веќе била мртва
-
Дупката во Јапонија пак се отвори (видео)