| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Александар Филев во Безистен во Штип

Утре во Уметничката галерија Безистен во Штип, со своја самостојна изложба ќе се претстави Александар Филев. Филев ќе се претстави пред штипската публика со своите дела од уметничкиот опус насловен „Црвениот бик“ со почеток во 13 часот.

– Делата на авторот, во својот автентичен ракопис, се издвојуваат по својата жестина и интензивна колоритна експресија, далеку отскокнувајќи од сето она што досега го има созададено, па оттука и не можеме да не се запрашаме дали постепено стануваме сведоци на една нова ликовна реторика. Одговорот ќе го добиеме ако внимателно ги набљудуваме неговите дела каде нема да можеме да се оттргнеме од впечатокот дека сето тоа се должи на генетскиот запис кој во семејството Филеви има длабока втемеленост на еден ликовен јазик кој твори посебен уметнички израз – вели меѓу другото во рецензијата археологот м-р Зоран Рујак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top