Битола низ годините, пред, по Првата светска војна, по Втората светска војна, во годините кога Јосип Броз Тито го посетил градот, бил во ЗИК „Пелагонија“, седел во ресторанот „Македонија“… Битолчани на страницата на „Фејсбук“ Битола стари фотографии се потсетуваат, прераскажуваат, претпоставуваат за животот во нивната родна Битола…

Карневал Шанкуре (1926), Ford Model T 1922 Touring една од првите коли во Битола, една од трите, сопственост на с. Јанкови

Прва посета на Тито, 1 јуни 1957, втора 15 ноември1961, трета 21 октомври 1967, и четврта 3 август 1969г.

Дембел чаршија го добила името по тројцата дембели што изгореле во пожар во ан. Спиеле на кревети на спратови и се запалил анот. Првиот дембел мириснал дека нешто гори и рекол „абе нешто гори“, вториот “ами ај да бегаме“ , а третиот „како не ви е мака да зборате“ и изгореле тројцата. Оттаму и чаршијата се нарекува Дембел чаршија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

















