| четврток, 6 декември 2018 |

Принс исчезна од социјалните мрежи

prins-izchezna-ot-socialnite-mreji-270428

Пејачот Принс, кој не крие дека е згрозен од музичката индустрија, одеднаш исчезна од социјалните мрежи, од „Твитер“ до „Јутјуб“, два месеца по излегувањето на неговите два нови албума. Денес до страниците на „Твитер“, „Фејсбук“ и „Јутјуб“ нема пристап. Пејачот не дал никакво објаснување. Во принцип музичарите, без разлика дали се малку познати или биле пречекувани со овации во целиот свет, во социјалните мрежи гледаат можност за промовирање нивни песни.

Принс секогаш бил скептичен, што се однесува до овој придонес на социјалните мрежи и демонстрира презир кон музичката индустрија. Во 1992 година тој потпиша договор со позната музичка компанија, но неколку години подоцна го прекина, бидејќи бил иритирани од односот на раководителите кон него. Оваа година Принс, сепак, се смири со компанијата и издаде два нови албума „Art Official Age“ и „Plectrumelectrum“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top