Патниците од авионото на компанијата „Сајбирија ер“ мораа да излезат од авионот и да го туркаат на температура од минус 52 степени целзиусови бидејќи тркалата му се заглавиле во мразот.
Еден од патниците ставил снимка на „Јутјуб“ на која се гледа како група патници туркаат авион „Тупољев“ на пистата покриена со снег и мраз. Во тек е истрага по повод овој инцидент со која ќе се утврду како дошло до тоа патниците да го туркаат авионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.