Единствената наставничка по македонски јазик во основното училиште во Мала Преспа добила отказ, со што учениците од македонска етничка заедница останаа без наставник по мајчин јазик.
Одлуката на регионалниот преставник на министерството за образование на Албаниија, да ја суспендира Флорета Никола, поради наводно немање соодветно образование го шокираше македонското малцинство во Албанија.
Локалната власт во Мала Преспа веднаш реагирала и побарала преиспитување на одлуката за суспензија на наставничката. Со оглед на тоа дека не постои соодветен наставен кадар, наставата по македонски јазик сега је изведуваат наставници кои предаваат други предмети.
Градоначалникот на Мала Преспа очекува позитивен одговор на жалбата, а исто и суспендираната наставничка, која повеќе од 15 години ја изведува наставата.
Македонците во Мала Преспа се сомневаат дека Никола, е жртва на политички реваншизам на Премиерот Еди Рама, бидејќи тие како етничка заедница, преку партијата Македонска алијаса за европска интеграција на изборите го поддржаа Сали Бериша за Премиер.
За целиот случај е запознаена и македонската амбасата во Тирана, која исто така очекува наставниќката д абиде вратена на работното место.
Во Албанија на педагошката академија нема настава на Македонски јазик, од каде би произлегол соодветен кадар за наставници по македонски јазик. Во Тирана има лекторат по македонски, што сепак не е соодветно образование за изведување настава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Мајчин јазик“ на Влатко Стефановски на 1 август на Антички театар во Охрид
-
Наставничка тепала ученик во основно училиште во општина Сарај
-
Селекторот Давитков добил отказ од клубот: Репрезентацијата на Македонија е една, клубови имало и ќе има
-
Гинекологот кој лажеше пациентка дека е бремена, доби отказ