По повод големиот свој јубилеј – 70 години постоење и функционирање, Стопанска банка реализира донација на софистицирана опрема во детските здравствени установи низ Македонија, чии средства беа собрани како резултат на големата хуманитарна акција „Подари насмевка“ која Банката ја организираше во период од јуни до октомври оваа година.
Станува збор за донација на уникатна медицинска опрема, единствена во државата и во регионот, напреден ехо апарат од производителот „Миндрај“ (Mindray), со која ќе се овозможи подобра и навремена дијагностика и правилен медицински третман на децата, наменета за Детската клиника во Скопје, додека донацијата за останатите градови: Струга, Струмица, Куманово и Прилеп, претставува дополнителна поволност, бидејќи децата од различни реони не мора да доаѓаат во Скопје, како до сега, за да го направат соодветниот преглед.
– Во динамичното секојдневие, во кое главен приоритет на компаниите е да се постигнат квантифицирани цели не смееме да заборавиме дека мисијата на компаниите не е само растот, успехот и профитабилноста туку и да бидат општествено одговорни и да му возвратат на општеството за постигнувањата особено со поддршка на сограѓаните на кои најмногу им е потребна помош. Затоа, сакаме да го одбележиме овој наш значаен јубилеј со нешто убаво и незаборавно за нашето окружување, за нашите клиенти и сограѓани и да покажеме дека Стопанска банка АД – Скопје останува лидер не само во банкарскиот сектор туку и во општествената одговорност, активност со која посебно се гордееме. Јубилејот го прославивме заедно со нашите клиенти и токму денес ќе ја крунисаме со најголемата донација на Детската клиника – Скопје, како и со донација во здравствените домови низ Републиката – изјави Диомидис Николетопулос, генерален извршен директор и Претседател на УО на СБ.
Акцијата ја започнаа вработените на Стопанска банка, кои први подарија насмевка, а за многу кратко време, во период од јуни до октомври беа собрани 1.000.000 насмевки. За секоја насмевка Стопанска банка донираше средства наменети за децата на кои им треба помош. Во хуманитарната акција се вклучија познати актери, водители, уредници, автори и други јавни личности давајќи свој личен придонес.
Стопанска банка АД – Скопје во изминатите неколку години донираше опрема и за Детската клиника Козле, на Клиниката за пулмологија и дополнително ја помагаше едукацијата и надградувањето на бројни доктори и медицински лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Детска клиника доби апарат што ќе го олесни дишењето кај предвреме родените бебиња