Четворицата полицијаци кои вчера беа повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Тетово– Гостивар изгубиле контрола над возилото по што се превртеле на покривот, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Според информациите од Јосифоски, причина за превртувањето било тоа што возачот забележал оти по автопатот, односно по десната сообраќајна лента се движи пешак за кој подоцна било утврдено дека станува збор за Н.А. (65) за кого било утврдено дека бил пријавен дека се оддалечил од дома и во обид да го избегне, полицискиот џип се превртел. Во несреќата пешакот не бил повреден, а материјалната штета се проценува на околу 300.000 денари.
Сите повредени полицајци се надвор од животна опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.