Поранешната сопруга на Драган Манаилов кој изврши тројно убиство во Злетово, пробиштипско, годинава ја повлекла пријавата за телесна повреда за семејно насилство што ја имала поднесено против својот сопруг, велат за „Макфакс“ од Основниот суд Штип.
Портпаролот на судот, Стојан Михов изјави дека против убиецот во нивниот суд досега не била донесена пресуда, ниту била изречена казна затвор.
– Сопругата го повлекла предлогот за кривично гонење за телесна повреда при семејно насилство, додека во судот во тек е постапка за кривичната пријава за нанесување на тешка телесна повреда, а оштетен е пријателот на неговата сопруга – изјави Михов.
Во понеделник било закажано рочиште за овој случај. Од Основниот суд во Штип велат дека пресуда за Манаилов немало во овој суд, но немаат информации дали против него имало постапки во околните судови, Кратово или Крива Паланка.
Од Генералштабот на Армијата изјавија дека Манаилов бил психофизички здрав и дека ги имал минато сите тестови, а тие не биле известени дека против него се поднесени кривични пријави, а не можеле да преземат дисциплинска постапка против својот вработен доколку против него немало правосилна пресуда.
Тројното убиство што се случи во Злетово е слично на тројното убиство што се случи на 9-ти месецов. Тогаш, поранешен бранител со пиштол што го поседувал со дозвола ги уби, родителите и сестрата на својата поранешна сопруга.
Сега е во притвор, а исто како и во овој случај неговата сопруга имаше повлечено пријава за семејно насилство. Поднесена беше кривична пријава против полицајци од Кавадарци бидејќи не му го одзеле оружјето на убиецот од истиот град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крвава пресметка: Убиен е адвокатот на убиецот на Аркан, повреден е и неговиот син!
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре
-
Осомничениот за убиството на новинарката Маринова ќе биде екстрадиран во Бугарија
-
Уапсен убиецот кој изврши масакр во Албанија: Убил осум роднини, меѓу кои жени и деца