Првиот национален форум за Отворено владино партнерство (ОВП) ќе се одржи денеска (26-ти ноември) во 09:30 часот во хотел Арка во Скопје.
Воведното обраќање ќе има г-ѓа Камила Дуда Кавечка, политичка советнича од Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, г-дин. Џон Кули – претставник од Амбасадата на Обединетото Кралство во Македонија, г-дин. Иво Ивановски – Министер за информатичко општество и администрација, и г-ѓа Марија Ристеска – извршна директорка на ЦРПМ.
На овој настан министерот Ивановски за прв пат ќе го презентира Акцискиот план за Отворено владино партнерство (2014-2016) кој иако е усвоен во мај 2014г. досега не бил презентиран пред пошироката јавност. Овој план беше подготвен во тесна соработка со ЦИКП преку проектот “Застапување за отвпрена влада”, финансиран од Европската унија.
Главните теми на Форумот ќе бидат вредностите што ги промовира Отвореното владино партнерство – транспарентност, меѓуинституционална соработка и соработка со граѓанскиот сектор, како и отворени податоци. Голем број од говорниците на овој настан имаат меѓународно искуство и познавање на оваа тема што секако може да придонесе кон зајакнување на капацитетите на нашата земја како во поглед на изработката на идните акциски планови, така и во поглед на нивното спроведување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.