Скандалозни обвинувања на сметка на реисот Сулејман Реџепи објави порталот Доказ.мк.
Порталот пишува за пикантерии од хедонистичкиот живот на верскиот поглавар со транскрипт од информации кои ги добил од извор од ИВЗ.
Се тврди дека за да стане реис на Реџепи му помогнал Мендух Тачи и криминалната банда на Красниќи од Кондово. Податоците дека поседува калашников и пиштоли се веке објавувани но интересно е прашањето јавно упатено до реисот дали летоска од бизнисмен во Улцин и зошто добил на подарок скап „Ролекс“ часовник кој вредел 36 илјади евра и дали е завршен купопродажниот дил со кој реисот односно неговото семејство во сопственост имаат хотел во Улцин од ова лето.
Во транскриптот од фб преписката меѓу изворот и порталот доказ има детали и за богатиот живот на неговото семејство, неговите деца и директно прашање,може ли да се стекне такво богатство со плата како што пишува па била таа и реисовска.
„Република“ го провери Фејсбук профилот на верникот од разговорот со порталот Доказ.мк, кој покрај другите обвинувања упатени на сметка на реисот Сулејман Реџепи, тврди дека реисот е член на криминална група.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.