Поглаварот на Исламската верска заедница, реисот ул улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи смета дека исламски радикализам не постои, бидејќи, како што вели, исламот не прифаќа радикално однесување и екстремизам.
-Припадниците на исламот не се имуни на такво однесување, како што не се имуни и припадниците на другите верски заедници. Така што, секогаш треба да имаме предвид што значи исламот, што проповеда исламот, што интерпретира и какви ставови има, а како се однесуваат муслиманите, дали се однесуваат во рамките на тие исламски начела или надвор од тоа. Секогаш кога однесувањето е надвор од исламот, веројатно не се имуни да се појават и такви односи и такво однесување што навистина води кон радикализмот, кон екстремизмот и нетрпеливоста- изјави Реџепи за Радио Слободна Европа.
Тој додава дека Исламската верска заедница е категорично против насилството и радикализмот, како и против секое движење кое не се согласува со нормите на исламот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст