Владимир Кличко, се заканува дека ќе го исправи Кубрат Пулев пред суд. Светскиот шампион во бокс, ќе поднесе тужба за клевета против Кобра. Кличко е бесен за тврдењата на Пулев дека тој користи допинг. Оваа намера на Кличко, ја потврди вчера и самиот Кубрат на вонредна прес-конференција.
– Пред натпреварот доаѓаа неговите адвокати и ми вршеа притисок. Ќе има судски процес, но јас не се грижам, нека ме тужат. Таков сум си, сакам да ги кажувам работите такви какви што се. Немаат право, но штом се одлучиле, нивна работа, коментира Кобрата.
Бугаринот се налутил за двојниот аршин, кој бил применуван за допинг контролите.
– Мене ме скинаа од проверки. Во Бугарија, во Германија, насекаде. А него никој не го пипаше. Сите мои барања и молитви останаа само глас во пустина, изјавил нервозно Пулев.
Во оваа фаза Кобрата има намера да се одмори, по едногодишната подготовка за натпреварот со Украинецот.
– За нов тренер и иднината допрва ќе мислиме. Сеуште се опоравувам … Сега е време да се одморам, изјавил бугарскиот боксер.
Сега Кубрат ќе има можност да се посвети на неговата девојка Андреа, за која немаше многу време поради средбата со Кличко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.