На почетокот на неделата нè очекува вистинска пролетна температура, но до крајот на неделата на повисоките места може да се очекува и снег.
Метеоролозите за утре предвидуваат сончево време со мала локална облачност и релативно топло. Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 14 до 21 Целзиусови степен. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, како и со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе достигне 20 степени.
Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, но во одделни области, особено во Повардарието, Пелагонија и во осоговскиот регион, како и на повеќето повисоки места и на планините, ќе дува засилен јужен ветер.
Во наредните денови ќе продолжи променливо облачно време, со повремени сончеви периоди и со повремени локални врнежи, особено во западните делови. Температурата ќе има тенденција на опаѓање, а пообилни врнежи се очекуваат особено во втората половина од неделата, односно в четврток, а в петок се очекува во некои делови и на повисоките места да паѓа и снег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


