Холивудската актерка Хaли Бери е бесна на својот поранешен партнер, моделот Габриел Обри, поради нивната ќерка Нола. Ѕвездата од серијалот за „Х – мен“,„ Готика“ и „Лозинка: Риба меч“ е огорчена дека Обри, се труди да направи се што може, нивната ќерка Нола да изгледа како бела и да ги сокрие нејзините афроамериканските црти.
Самата Холи е ќерка на бела мајка и црн татко. Афроамериканските црти на лицето на Нола, се помалку забележлива , бидејќи нејзиниот татко Габриел Олбри е природно рус и со француско- канадско потекло.
Сепак актерката смета, дека тој намерно и ја исправа косата на Нола и со шминка и го осветлува тенот, за да не се гледа дека има афроамериканско потекло. Затоа таа повела постапка против Габриел.
Хали не се појавила во судот. Таа била застапувана од нејзиниот адвокат Стив Колодни. По долга спор во судот меѓу него и Габриел, судијата пресудил дека ниту Хали, ниту таткото на Нола, неможат да го променат нејзиниот изглед, за да изгледа различно од природното. Тој исто така наредил косата на девојчето да биде оставена да расте кадрава, каква што си е.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.







