| четврток, 6 декември 2018 |

Тигарот на Путин убива кози во Кина

putin-tigar-foto-rojters-1415953203-589899

Сибирскиот тигар Устин, пуштен на слобода од рускиот претседател Владимир Путин, кој побегна во Кина, е осомничен дека убил неколку кози во североисточна Кина, објавуваат локалните медиуми.

Специјалисти по сибирски тигри, тврдат дека Устин, едно од трите животни пуштени во дивата природа од претседателот на Русија, е виновен за смртта на две кози, пренесува Синхуа. Сеуште се трага по уште три други кози.

mkd-153740

Устин ја премина границата и избега во Кина во октомври месец. Движењето на тигарот може да се следи од сателит, благодарение на предавател кој е монтиран на каишката на животното, потсетува Франс прес.

Специјалисти за заштита на дивата природа, цитирани од Синхуа, предупредуваат, ако тигарот биде забележан, да не му се фрла храна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top