На Никол Шерцингер и бликнаа солзи по триумфот на нејзиниот дечко Луис Хамилтон, кој вчера ја освои трката „Абу Даби ГП“ и така се здоби со својата втора светска победа на првенството во Формула 1.
36 годишната пејачка не можеше да ја скрие возбудата, откако пилотот на „Мерцедес“ победи на трката и го пречека во боксот со бакнежи, уште пред тој да го пукне шампаското, за да ја прослави победата.
Поранешната пејачка на групата „Pussycat Doll“ објавила на Инстаграм фотографија од овој магичен момент и под неа напишала: „Толку сум горда на мојот маж. Се чувствувам благословена! Бог е добар!“
Подоцна Луис исто така и се заблагодарил на Никол за поддршката, како и на семејството и на неговиот тим.
Британскиот принц Хари исто така му честиташе на 29 годишниот рели тркач, а премиерот Дејвид Камерон коментирал на Твитер: „Ова е голем ден за британскиот мотоспорт“ .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.