Техничар завршил на болница откако пробал да раздели тепачка меѓу двајца колеги и заработил нож во стомак.
Настанот се случил вчера околу 12,45 часот, во фирмата „Свем Инжинеринг“ која се наоѓа на бул. „Партизански Одреди“ во Скопје.
Повредениот Е.М.(38), вработен како техничар во истата фирма се упатил кон неговото возило, кога вработен во фирмата му кажал дека во магацинот вработениот Д.М.(61) физички нападнал друго лице. Откако Е.М. ги разделил, настанала вербална расправија помеѓу Е.М и Д.М, во која Д.М со нож му нанел убодна рана во пределот на стомакот на Е.М.
По ова, останатите вработени го спречиле во понатамошниот напад Д.М, а Е.М се упатил во Градска општа болница каде му е укажана лекарска помош.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.