Клавирот од филмот „Казабланка“ е продаден на аукција во Њујорк за 3,41 милион долари во брзо наддавање во преполната сала.
Клавирот со марокански мотиви беше главен експонат понуден од аукциската куќа „Бонамс“ меѓу 200 предмети од златното доба на Холивуд. Од тие 200, вкупно 30 се од филмот „Казабланка“.
На продажба биле и фустаните на Грејс Кели, Мерлин Монро, Џуди Гарланд, Рита Хејворт, елекот од оделото на Кларк Гејбл од „Однесено со виорот“, костимот на лавот од „Волшебникот од Оз“ од 1937 година.
Клавирот немал почетна цена, но продажбата почнала од 1,6 милиони долари и за три минути клавирот достигнал цена од 3,41 милион долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура