| четврток, 6 декември 2018 |

Саемот за вработување ја посети и Струмица

saem

По еднонеделна пауза, петтиот од низата Саеми за вработување се оддржа во Струмица. Струмичани имаа можност да поразговараат и да остават свое резиме кај повеќе од 40 компании кои беа присутни на петтиот по ред Саем за вработување – караван во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

saem 2

– Ова е одлична можност за граѓаните на Струмица и нејзината околина да се запознаат со компаниите кои имаат потреба од работен кадар, од различни области. Дополнително, на наше огромно задоволство, и на денешниот Саем се присутни дел од најголемите компании во Република Македонија, и од останатите региони на државата. Караванот ќе продолжи и понатаму, а она што е значајно е фактот дека посетеноста е одлична. Тоа говори дека успеваме во намерата, да ги доближиме граѓаните од една, и компаниите како баратели на работна сила од друга страна – изјави Влатко Поповски, директор на Агенцијата за Вработување на Република Македонија.

saem 3

Како и на претходните четири саеми, и Саемот за вработување во Струмица имаше голема посетеност, од различни возрасни категории. Сепак, констатацијата беше дека овој тип настани, само помагаат при запознавањето, како на граѓаните со можностите за работа во нивниот регион но и во другите региони низ Македонија, така и директно и практично запознавање на компаниите со потенцијалните нови вработени.

saem 4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top