| четврток, 6 декември 2018 |

Ракитиќ: Меси сѐ уште не го достигнал зенитот

Хрватскиот репрезентативец во редовите на Барселона, Иван Ракитиќ, не ги штедеше пофалните зборови за еден од најдобрите фудбалери во светот Лионел Меси.
По информацијата дека во саботата Меси стана најдобар стрелец во шпанската Примера дивизион со само 27 години, поминувајќи го до тогаш неприкосновениот на оваа листа Телмо Зара, честитики пристигнаа од сите страни на светот.
Еден од нив, секако, е неговиот нов соиграч во Барселона, Ракитиќ кој смета дека Меси сѐ уште не го достигнал својот зенит во кариерата и дека може уште многу да напредува и да постигне уште 200 гола.

– Меси е толку добар што може да постигне уште 200 гола во Примера дивизион. Секогаш бара повеќе, сѐ уште се усовршува и напорно работи. Чест ми е што дојдов во Барселона и што ја делам соблекувалната со него. Тој е синоним за фудбалот и секој позитивен збор за него во целост го заслужува – изјави Иван Ракитиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top