| четврток, 6 декември 2018 |

Зетот ги застрелал родителите на својата сопруга во Злетово?

За тројното убиство што се случи утринава во Злетово, според неофицијалните информации, зет со огнено оружје ги застрелал родителите на сопругата и уште едно машко лице.

Полициски екипи трагаат по убиецот, кој сè уште е во бегство, а идентитетот на жртвите и мотивот за убиството засега не се познати.

Во моментов полицијата врши  увид и повеќе детали се очекува да соопшти во текот на денот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top