Грчката државна гасна компанија ДЕПА ќе треба да му плати парична казна од преку сто милиони евра на рускиот гигант „Газпром“, во согласност со клаузулата „земи или плати“ од спогодбата меѓу двете компании откако намалувањето на потрошувачката во 2014 година оневозможи да бидат прифатени количините, договорени во март, пишува весникот „Катимерини“.
Претставници на ДЕПА преговарале со претставници на „Газпром“ и грчката гасна компанија е подготвена да поднесе официјална молба количината гас која не била потрошена оваа година да биде префрлена за следната.
Оваа опција е содржана во договорот, но руската страна не е должна да ја исполни.
Претставниците на ДЕПА се надеваат дека со почетокот на зимата ќе се зголеми потрошувачката на гас до крајот на годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.