Македонскиот анимиран филм „Алерик“ на Вук Митевски изминатиот период учествуваше на фестивали во Германија каде што доби две награди. На фестивал во Диселдорф филмот ја доби наградата на публиката, бидејќи по завршувањето на проекцијата следуваа десетминутен аплауз и овации. Минатиот месец филмот учествуваше на филмски фестивал во Дортмунт, каде што ја доби главната награда.
„Алерик“ продолжува со своето претставување на фестивалите, наскоро ќе учествува на фестивали во Хаг и во Љубљана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.