| четврток, 6 декември 2018 |

Путин забрани влез во Русија за литвански возила

vladimir-putin

 Литванија вчера ја обвини Русија дека ги блокира литванските возила на својата граница. Граничарите наведуваат дека ограничувањата се воведени во петокот навечер, ден откако литванската претседателка Далиа Грубаускате ја нарече Русија „терористичка држава“ поради нејзината улога во Украина.

Руското Министерство за надворешни работи одговори дека тие потези ги надминуваат и најекстремистичките изјави на радикалните нацилналисти во Киев.

– На автомобилите и камионите им е забранет влез во Русија – рече вчера литванскиот министер за внатрешни работи, Саулиус Сквернелис.

Според литванското здружение на автопревозници, Русија ја прекинала царинската операција за литвански камиони, кои останале блокирани на границата и на царината на руска територија.

Претседателот на организацијата рекол дека се издадени усни упатства да се прекинат сите постапки околу робата која доаѓа од Литванија и која ја превезуваат литвански камиони.

Литванското Министерство за надворешни вчера ја повикало Амбасадата на Русија, Москва веднаш да прекине со дискриминаторската постапка. Исто така, најавило дека за ситуацијата ќе ја информира ЕУ.

Литванија на почетокот на деведесеттите години од минатиот век се отцепи од СССР, а во 2004 година им се приклучи на Европската унија и на НАТО. Вилнус цврсто го поддржува приближувањето на Киев кон ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top