Претежно сончево време се очекува во поголем дел од земјата и во вторник. Повторно можна е слаба магла и ниска облачност во дел од котлините и речните долини, особено долж Повардарие, но истата би требало да биде пократкотрајна за разлика од понеделник претпладне.
Попладне облачноста генерално ќе се зголемува, но без услови за врнежи. Ќе дува слаб север наутро, а потоа ветерот ќе го промени правецот во југоисточен.
Според метеопро.мк, максималната температура ќе има вредност околу 7°С во поголем дел од котлините низ земјава. Во југоисточниот крај температурата ќе достигне до 11°С, а на повисоките места пак, максималната нема да надмине 5°С.
Во Скопската котлина наутро и претпладне ќе има услови за слаба магла. Потоа следува период на привремено разведрување, а попладне облачноста ќе почне да се зголемува. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност до 7°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.