| четврток, 6 декември 2018 |

Ферари со нов тимски шеф

stefano_maurizio_arivabeneСкудерија Ферари му се заблагодари на Марко Матијачи кој го наследи Стефано Доменикало на местото тимски шеф, откако долгогодишниот предводник на ергелата од Маранело се повлече во април оваа година.

Новиот тимски шеф е долги години во Формула 1, но како претставник на компанијата за цигари, Филип Морис, која беше спонзор и на Мекларен и на Ферари. Маурицио Аривабене дури беше и член на Ф1 комисијата од 2010 година, како претставник на спонзорите, а блискоста со сопствениците на тимот ја има и преку седиштето во управниот одбор на Јувентус.

– Во овој историски момент за Скудерија ни требаше личност што има длабоко разбирање, не само за Ферари, туку и за владејачките механизми и барањата на спортот. Маурицио има единствено богатство на знаења, беше екстремно близок со Скудерија во текот на годините, беше член на Ф1 комисијата и ги знае сите проблеми со кои се соочуваме. Тој е постојан извор за иновативни идеи за ревитализација на Формула 1. Неговото менаџерско искуство од мошне комплексен и стриктно регулиран пазар е од големо значење, што ќе му помогне да го управува и мотивира тимот. Среќен сум што бевме во можност да го обезбедиме неговото лидерство за нашите тркачки активности,- вели Серџо Маркионе во официјалното соопштение, пренесе Дерби.

Новиот тимски шеф нема да биде фокусиран само на Формула 1, туку е именуван како директор на целиот спортски оддел на Ферари, Џестионе спортива

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top