Околу 150 сириски бегалци денеска започнаа штрајк со глад пред грчкиот Парламент, со барање Владата на Грција да им издаде дозволи за времен престој и да им обезбеди работа.
Штрајкот со глад претставува кулминација на секојдневните протести на сириските бегалци на атинскиот плоштад Синтагма, што започнаа минатата недела. Беглаците се жалат дека се принудени да плаќат високи наемнини за становите со мизерни услови во кои престојуваат илегално.
Штрајкувачите со глад најавија дека за време на штрајкот ќе конзумираат само шеќер.
Грција стана главен транзитен пункт за влез во ЕУ на имигранти и бегалци од Блсикиот Исток, кои со чамци и мали бродови се обидуваат да влезат во земјата од соседна Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


