Во Центар, во Скопје, отсега ќе може да се паркирате бесплатно еден час на места кои се во надлежност на јавното претпријатие „Паркинзи“ на општина Центар.
Жителите на општината или фирмите, сега ќе може да купат припејд-картичка за паркирање со која жителите и фирмите ќе плаќаат за своите гости и клиенти. Овие картички ќе се нарекуваат „Гостинска карта“ и „Бизнис гостинска карта“.
Гостинската карта ќе чини од 100 до 300 денари, а со неа гостите ќе добијат од 5 до 300 часа месечно. Со картичката може да се плати за повеќе паркирани автомобили истовремено и часовите кои ќе останат неискористени ќе може да се префрлат во следниот месец.
И за Гостинската и за Бизнис гостинската картичка обврската е иста – на бројот 072/251-251 сопствениците на картичката да го пријават паркирањето на нивните гости.
Бизнис гостинската карта подразбира фирмата, ресторанот или дуќанот да има М-карта. 35 денари ќе чини еден час паркирање за клиентот во првата зона, додека во втората зона паркирањето ќе чини 25 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.