Акварел, кој го насликал поранешниот водач на нацистите Адолф Гитлер во 1914 година, е продаден за 130 илјади евра на аукција во Нирнберг.
– Купувачот е по потекло од Блискиот Исток – изјави Катрин Вејдлер, директорка на аукциската куќа „Нирнберг Вејдлер“.
Акварелот е познат под името „Стара минхенска градска куќа“, една од 2.000 слики за кои се смета дека настанале во 1914 година, во време кога Хитлер се трудел да заработи за живот како уметник.
Сликата ја продале сестри, чиј дедо им ја купил во 1916 година. Сестрите одлучиле 10 отсто од приходите да бидат дадени во хуманитарни организации кои се грижат за хендикепирани деца.
Останатите пет слики на Хитлер биле продадени по цена од пет до 80 илјади евра.
Аукцијата привлекла внимание не поради уметничката вредност на сликите, туку само затоа што тоа се дела на Хитлер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Аукција во УЈП: Се продаваат “Пунто за 70.000 денари, “Мерцедес“ за 107.900 денари, “Астра“ за 120.500 денари…
-
В петок аукција на УЈП: На продажба се солариуми, гарнитури, автомобили, лаптопи, деловен простор…
-
Објавила селфи со своите две ќерки, никој не може да познае која е мајката (фото)
-
Слика на Леонардо да Винчи, стара 500 години продадена за рекордни 450 милиони долари