Вкупно четворица разбојници добија кривични пријави за кражби по куќи, викендици, возила, магацини во Скопје. Како што соопштени СВР Скопје, овие лица извршиле вкупно 52 кривични дела од кои 47 тешки кражби и пет помали кражби.
Од декември лани па се до март 2013 тројца од нив (С.Љ., А.С. и Т.И.) извршиле 28 кривични дела од кои 18 тешки кражби во подрум, шест тешки кражби во куќа, две тешки кражби во патничко моторно возило, една тешка кражба во магацин и кражба во викендица, сите на подрачјата на населбите Центар, Карпош, Чаир и Гази Баба.
Последниот од нив (Е.С.), според СВР Скопје, од октомври лани заклучно со јануари годинава во Скопје извршил вкупно 24 кривични дела од кои 20 тешки кражби, 15 во куќи, една во викендица и четири во разни објекти (две во помошни простории, една во столарска работилница и една во фарбарска работилница), како и четири кражби од кои две во куќи и две во гаражи.
Според СВР Скопје, крадците во целост ги признале кривичните дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.