Грците се против предвремени избори и сакаат сегашниот состав на Парламентот да избере нов претседател на земјата, покажа анкета на „Капа рисрч“ објавена во „То Вима“.
Според испитувањето на јавното мислење, главната опозициска Радикална левичарска коалиција (Сириза) има 3,6 проценти предност пред владејачката партија Нова демократија. Сириза води со 25,8 проценти, по неа е Нова демократија со 22,2 отсто, па ПАСОК со 6,8 отсто, Потами со 6,6 отсто, Златна зора со 6,1 отсто, Комунистичката партија (ККЕ) со 5,9 отсто и Независни Грци (Анел) со 3,2 отсто, пренесе МИА од Атина.
Според истата анкета, премиерот Андонис Самарас е најсоодветен да биде премиер со 44 проценти поддршка, додека за лидерот на Сириза Алексис Ципрас се 35,6 проценти од испитаниците.
Најпогодна да се справи со проблемите на земјата е коалициската Влада предводена од Нова демократија (38,1 отсто), додека коалициска влада предводена од Сириза добива поддршка од 36,9 проценти.
Според истата анкета, 58,3 отсто од оние кои одговориле на прашалникот веруваат дека предвремените избори ќе имаат негативно влијание врз економијата на земјата, наспроти 36,6 отсто кои не го делат ова мислење.
Исто така, 55,9 отсто сметаат дека новиот претседател на земјата треба да биде избран од страна на сегашниот состав на Парламент, наспроти 37,2 проценти кои го мислат спротивното.
Покрај ова, 72,2 отсто сметаат дека ќе биде постигнат договор меѓу Владата и тројката, додека 56,9 отсто сметаат дека договорот е одложен поради барањата на тројката меѓународни кредитори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Насилно спречени претставници на СИРИЗА да положат венци во Политехничкиот факултет во Атина
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа