По четвртиот пораз во низа, менаџерот на Ливерпул, Бренон Роџерс, на конференцијата за медиуми по мечот со Кристал Палас изјави дека е свесен оти навивачите се незадоволни и дека е логично да добие отказ ако тимот не почне да победува.
– Сѐ почна добро, поведовме со голот на Ламберт, но брзо потоа ни се распадна играта. Многу сме разочарани од играта и од резултатот. Нашата самодоверба во моментов е на многу ниско ниво, но мораме да продолжиме вредно да работиме. Не би бил искрен ако кажам дека се надевам оти ќе го задржам местото без оглед на резултатите. Мораме да почнеме да играме добро и да победуваме. Имам одлична соработка со клубот. Ќе направам сѐ што е до мене за да се променат работите, но ако тоа не се случи, ќе ја преземам целата одговорност – изјави Роџерс.
Актуелниот вицешампион по 12 одиграни натпревари се наоѓа на 12. позиција на табелата со само 14 освоени бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.