| четврток, 6 декември 2018 |

Возачот на БМВ: Виновен сум, испив 20 ракии

Деветнаесетгодишниот Душан Јовановиќ од Белград го возеше автомобилот марка БМВ, кој во саботата во раните утрински часови заврши во водите на Дунав. Три млади лица загинаа во несреќата, додека другите тројца патници успеаја да испливаат и да се спасат.

Друштвото се враќало од ноќен клуб, сите биле под дејство на алкохол, а се испитува дали зеле и наркотици. Автомобилот, кој возел 110 км на час, без сопирање завршил директно во реката.

– Се напив 20 ракии од малина во тоа кафуле, не знам што се случи, не знам каде се наоѓам – изјавил во полиција Јовановиќ, а пренесува „Блиц“.

Надлежниот суд нареди притвор од 30 дена, поради потенцијалното влијание врз сведоците, можноста да се повтори кривичното дело, како и нарушување на јавниот ред и мир.

– Признавам дека сум виновен и сум подготвен да ги поднесам последиците од трагедијата што ја предизвикав – рече на сослушувањето Јовановиќ

– Многу жалам, и не знам како ќе живеам и ќе ја носам на душа смртта на моите пријатели и тоа што возев без дозвола – пишува „Вечерње новости“ делови од неговиот исказ пред истражниот судија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top