Најновите колекции на 15 брендови за најмладите, достапни во „Скопје сити мол“, беа претставени на ревија за деца, во организација на Моден викенд-Скопје, на последниот ден на „Саемот за деца“ кој се одржa од 20 до 23 ноември. Беа презентирани детска облека, обувки, играчки, книги и бебешка опрема за есен -зима 2014/2015 .
Колекциите ги носеа моделите од детската група на модната агенција „Подиум“. Четиридневниот саем беше составен од едукативни игри, забавна програма, натпревари, претстави и танци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.