Во самоубиствен бомбашки напад на одбојкарски натпревар во авганистанската источна провинција Пактика загинаа најмалку 50 луѓе, а 60 се повредени, соопштија авганистанските власти.
– Напаѓачот беше на мопед кога го активира експлозивот што го имаше на себе, изјави заменик-гувернерот на провинцијата Пактика, Атаулах Фазли.
Нападот се случи на финален натпревар на одбојкарски турнир на кој присуствуваа неколку стотици гледачи.
– Поголемиот број од настраданите се цивили, а голем број од ранетите се здобија со тешки повреди, посочи Фазли.
Тоа е еден од најтешките напади врз цивили во изминатите години, а се случи во немирната провинција Пактика, која граничи со Пакистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал на Медитеранските игри: Македонските одбојкари избркани поради недолично однесување
-
Македонија заврши последна на Ф4 во Сребрената Европска лига
-
Не во НАТО, ќе ни ја расплачат мајката – бомбашот од Подгорица со денови се огласувал на Фејсбук!
-
Бомбашот од Њујорк е идентификуван како исламист од Бангладеш


