| четврток, 6 декември 2018 |

Бомбаш- самоубиец уби најмалку 50-мина среде одбојкарски меч

afgnistanВо самоубиствен бомбашки напад на одбојкарски натпревар во авганистанската источна провинција Пактика загинаа најмалку 50 луѓе, а 60 се повредени, соопштија авганистанските власти.

– Напаѓачот беше на мопед кога го активира експлозивот што го имаше на себе, изјави заменик-гувернерот на провинцијата Пактика, Атаулах Фазли.

Нападот се случи на финален натпревар на одбојкарски турнир на кој присуствуваа неколку стотици гледачи.

– Поголемиот број од настраданите се цивили, а голем број од ранетите се здобија со тешки повреди, посочи Фазли.

Тоа е еден од најтешките напади врз цивили во изминатите години, а се случи во немирната провинција Пактика, која граничи со Пакистан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top