Најдобриот тенисер на сите времиња Роџер Федерер тоа што си го зацрта уште од минатата година тоа и си го оствари. Да дојде до титулата во Дејвис купот со репрезентацијата на Швајцарија.
Во финалето против Франција овој викенд Швајцарија е во недостижна предност од 3-1 во победи бидејќи останува само уште еден натпревар во сингл конкуренцијата.
Во петокот Вавринка и го донесе првиот поен на својата земја со победа над Цонга. Во вториот натпревар Федерер беше изненаден од Монфис и резултатот беше 1-1.
Вчера во натпреварот во дубл Федерер и Вавринка ги декласираа Бенето и Гаске и поведоа со 2-1.
Решавачкиот поен за Швајцарија и го донесе популарниот „Федекс“ со денешната победа над Гаске од 3-0 во сетови.
Федерер доминираше во текот на сите три сета и не дозволи никакво изненадување. Гаске неможеше да се препознае на на теренот и не успеа нути еднаш во текот на целиот натпревар да дојде до брејк поен.
Последниот дуел требаше да го играат Вавринка и Монфис, но селекторите на двата тима имаат можност да ги сменат своите играчи и да им дадат шанса и на помладите членови од своите репрезентации.
Ова е второ финале за Швајцарија, а во првото во 1992 година доживеаја пораз од САД.
Со оваа победа оваа земја е една од 14 што го има освоено Дејвис купот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.